Радио Милева
се почувствувала навредено

Нова драма: Кандидатката во „Ѕвездите на Гранд“ дисквалификувана на барање на Јелена Карлеуша!

Нова драма: Кандидатката во „Ѕвездите на Гранд“ дисквалификувана на барање на Јелена Карлеуша!
фото: Никола Томиќ/принтксрин/јутуб

Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ тврди дека на барање на Јелена Карлеуша. е дисквалификувана од музичкото шоу.

Вања се претстави во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“, но на Јелена не и се допадна нејзиниот настап, а тоа го кажа јавно во емисијата. По емисијата следеа навредливи коментари на сметка на Јелена, а Кнежвиќ ги сподели на својот „Инстаграм профил“.

фото: инстаграм

По ова случка и на барање на Карлеуша, Вања е дисквалификувана од музичкото шоу.

„Драги луѓе, поради сторито кое го објавив пред неколку дена, на барање на Јелена Карлеуша, продукцијата донесе одлука да бидам дисквалификувана затоа што наводно сум ја навредила во тоа стори“, пишува Вања и додава:

фото: инстаграм

„Како прво, јас сум духовна личност и немам потреба никој да навредувам. Како второ, содржината на објавата не ја смислив јас, туку луѓе кои ме означија со желба да ми дадат поддршка по емисијата која се емитуваше во сабота. Тоа стори махинално го објавив  како и секое друго, а не реагирав ниту на еден коментар за Јелена бидејќи тоа не ме засега. Јасно е како ден дека коментарот упатен кон мене не беше конструктивна критика туку индиректно психичко злоупотребување , а да не зборувам за објавите упатени кон мене и како наводно дека сум навредила некој“.

фото: Инстаграм

„Меѓутоа, ни јас, ни моите родители не реагираа, иако имав предиспозиции за тоа. А зошто не реагирав? Јас во музичкото шоу дојдов да пеам, да се дружам и натпреварувам. Благодарна сум на се во животот, не го трошам времето на омраза, туку на љубов, мир и се водам по изреката: „Кој по тебе со камен, ти на него со леб“.

„На секоја ваша порака одговорив со задоволство и секогаш ќе одговорам на поддршката. Ви благодарам што го препознавте мојот талент, тоа ми е најважно. Народот се гледа, времето ќе покаже, така да се во животот прифаќам свесно и разумно. Сè во свое време“.

„Овој пост не е напишам за да некој биде прозван, навреден туку да ставиме крај на ова агонија. Да шириме мир, љубов и слога“, пишува Вања во своето соопштение.

Останати вести од Радио Милева