Според пишувањата на британските медиуми, нов скандал го тресе кралското семејство.
Имено, како што пишуваат медиумите, принцот Вилијам ја изневерил својата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон,
Наводно, тој ја изневерил Кејт додека била бремена и тоа со нејзината пријателка Роуз Ханбури.
Со оглед на тоа дека Кејт и Роуз одеднаш го прекинале пријателството, се шпекулира дека причина за нивното недоразбирање е принцот Вилијам.
Како што пишува „In Touch weekly“, принцот Вилијам сакал да спречи да се појават вакви шпекулации во медуимите.
„Луѓето од кралското семејство, ретко дозволуваат новинирите да шпекулираат за нив. Но, за нив се пишуваат и многу полоши приказни“ вели изворот.
Кога станува збор за неверството, некои тврдат дека такво нешто не може да се сокрие, додека пак други тврдат дека пријателството меѓу Кејт и Роуз завршило поради други причини.
Која е вистината, останува да видиме.