Хрватската пејачка Северина никако да излезе од лавиринтот на скандалите. Неодамна беше во фокусот на јавноста и медиумите поради експлицитните фотографии на кои наводно е таа е гола, а сега повторно почна нова битка со поранешниот.
Адвокатскиот тим на поранешниот партнер на Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ ја пријавил познатата хрватска пејачка во Центарот за социјална заштита поради семејно насилство.
Обвинението се заснова на и-мејл што пејачката наводно му го испратила, во кој го нарекува “глупак, психопат кој мора да се лечи на психијатрија, г**нар, злобен, гад, губитник, манијак и криминалец“.
View this post on Instagram
Српски „Блиц“ јави дека Северина во пораката напишала и дека „ќе стори се за да го заштити синот од татко му, дека и се повраќа од него и дека е беден и нула од човек“.
Пред неколку месеци, медиумите пренесоа дека Поповиќ ја добил битката за старателство над нивниот син, но тоа неофицијално, оти судската постапка беше тајна.
МИА