Некогашната македонска ТВ водителка и модел Нора Шаќири е бремена… и тоа до„заби“ што би рекле старите, откако јавно го покажа трудничкиот стомак! За нејзината бременост знаеа само најблиските, зашто Нора јавно не ја експонираше истата, се додека трудничкиот стомак веќе не можеше да се скрие.
Среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг, музичарот Марко Марковиќ ќе станат за прв пат родители на шеговит начин ја објавија на социјалните мрежи, откако на нејзиниот Инстаграм профил осамна нивната фотографија од лифтот.
„Не гледајте во друго, чантата е битна. Подарок за „подмочување… Благодарам данка и Иво,,,“ – напишала некогашната водителка и политичка „шарена активистка“, сакајќи „божем“ да го одврати вниманието, а всушност да го најави скорешното доаѓање на свет на нејзиното прво чедо.
Инаку, Нора и Марко долги години се забавуваа и беа во врска, а во 2016-та година и официјално ја крунисаа својата љубов со „мешовит брак“.
Нора Шаќири е дипломиран социјолог, а јавноста ја знае и како родена сестра на Бени Шаќири од „Нон Стоп“, но и како една од најгласните политички активистки, јавен поддржувач владеачката СДС уште од времето на Бранко Црвенковски, па се’ до Зоран Заев.
Таа по нивното последно доаѓање на власт гласно се побуни кога Заев го вработи Мухамед Зекири во СДСМ и го стави на платниот список на партијата, по што Заев реагираше и во преписките преку Фејсбук ја покани на кафе.
По одредени медиуми имаше информации дека по преписката со Заев, Нора Шаќири наводно експресно била вработена во кабинетот на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, иако подоцна македонските портали пишуваа дека не успеала да го положи испитот за државни административни службеници, ( „Инфомакс“). Доколку Шаќири – Марковиќ го положела испитот, ќе се стекнела со право да се вработи во некоја од државните институции.
Како и да е, Нора интерно го положила „испитот на животот“ и сега само се чека завршниот „екстерен“ тест – младата мајка да го обзнани раѓањето на своето првенче кое наскоро треба да дојде на свет!