Некогашната македонска поп пејачка Нона Неделковска по долгата пауза заради корона пандемијата и се врати на својата сегашна работа. Од родниот Велес, преку Скопје „директ драјв“ одлета во светот, за некаде оттаму од Англија да „отплови во непознати води“, онаму каде што последните години пред корона пандемијата ја најде својата среќа и својот мир, работејќи на прекуокеанските крузери кои пловат по морската шир!
И додека големиот прекуокеански брод се подготвува за своето ново крстарење, персоналот има малку повеќе време за себе, па така и македонската „џепна венера“ ги користеше убавото време и сончевите зраци да ужива во адаптацијата на старо-новата работа, пред уште еден морски предизвик за обиколка на светот.
Но колку и да е крузерот огромен, сончањето на морската палуба знае да здоде, па во меѓувреме Ноне се потруди да си најде нова разонода – да запее.
Дали од досада или потреба носталгично да се потсети на старите добри времиња и деновите кога „жареше и палеше“ на регионалниот „Идол“, а потоа со својата популарност ги крстосуваше дискотеките и клубовите по градовите во Македонија, фестивалите и манифестациите и надвор од неа, па дури во два наврати стигна да пее на турнеја и по далечната Австралија.
View this post on Instagram
И кога се засити од музиката или сфати дека само од неа кај нас тешко ќе може да живее, ја смени професијата и тргна во авантура по белиот свет, да плови преку сите светски мориња и океани, работејќи го она што и денес се’ уште и е професија. Или како штосамата ќе рече и напише: „Јас сум на одмор секој ден, затоа што ја сакам мојата професија“ !
Арно ама колку и да е интересна, динамична и возбудлива, нема професија која во еден момент не здосадува, па затоа Ноне реши за миг да и се врати на „првата љубов“ – музиката, па запеа.
Мала караоке забава за себе и сите што ја познаваат со кавер од Ријана, песна која ја изведе и сподели на социјалните мрежи… и ги собра аплаузите, овој пат – виртуелно!
View this post on Instagram
Некогашната македонска поп ѕвезда од крузерот потсети со песна, дека се’ уште умее да блеска! Кога работата сега што ја работи ќе и здосади или ќе реши дефинитивно да се скраси, зашто работа на прекуокеански крузер нималку не е лесна, Ноне секогаш како алтернатива ги има својот вокал и изборот на добра песна. На оној што умее да пее, никогаш не му е доцна за убави нешта… На народот секогаш ќе му требаат леб, игри и добра фешта!
Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska