Радио Милева

Ноќница или фустан: Meган Фокс доби негативни критики за нејзиниот моден избор на црвениот килим

Ноќница или фустан: Meган Фокс доби негативни критики за нејзиниот моден избор на црвениот килим
фото: Профимедиа

Меган Фокс важи за една од најубавите жени, но тоа не може да се каже за нејзиното последно појавување на црвениот килим кога со изборот на модната комбинација направи модна грешка.

Имено, кога Фокс се појавила на црвениот килим сите погледи биле насочени кон неа, но овој пат не поради позитивни коментари туку напротив.  Од неа сите очекувале интересен стајлинг, но тоа не се случило.

Имено, таа за оваа прилика одбра модна комбинација која повеќе наликува на ноќница.

фото: Профимедиа

Фустанот кој е изработен од сатен и горен чипкаст дел, повеќе наликува на фустан за спиење, отколку модна комбинација за на црвен килим.

фото: Профимедиа

Негативните коментари пристгнуваа од сите страни, а лоши оценки за изборот на модната кобминација доби од публиката и од модните критичари.

Дали вие се сложувате со модните експерти?

Останати вести од Радио Милева