Eдинствените „Нокаут“ предводени од Пере и дружината ќе бидат дел од забавата под мотото: „Петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена во Intermezzo Music Bar“ од каде, пак, велат дека продолжуваат со серијалот притоа задржувајќи ја традицијата да бидат секогаш уникатни и поразлични од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња и неколкумесечна пауза заради корона кризата.
Најавениот анплагд концерт на Пере и „Нокаут“ е закажан за утревечер, 10 јули, а бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.
„Intermezzo Music Bar“ во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото: Сплотени можеме повеќе!, велат од единствениот музички бар во земјава.
Наскоро очекувајте нови имиња, нови детали и нови незаборавни вечери, затоа што најдобрите знаат како“.