Мегафон

„Нокаут“  ја носат својата акустична магија во Македонската филхармонија

„Нокаут“  ја носат својата акустична магија во Македонската филхармонија

На 10. ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови.

Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание.

Концертот е во организција на продукција ”Сцена” карти ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk.

Не чекајте многу, билетите се во ограничен број. Се гледаме и слушаме акустично на 10 ноември, во 20:00 часот, во Македонска Филхармонија.