Радио Милева како целиот нормален народ

Ниту со авион ниту со автомобил – погледнете со што патува Цеца на настап (фото)

Ниту со авион ниту со автомобил – погледнете со што патува Цеца на настап (фото)

Цеца Ражнатовиќ е позната по тоа што нема комплекси и дека не се срами да прави ништо што го прават сите обични луѓе, поради што на многумина им е омилена пејачка. Таа сега покажа дека може да патува со автобус до настапот, па дури истакна дека ужива во ова возење.

Цеца на настапи најчесто оди со авион или со автомобил, но овојпат одлучила со автобус да оди на најпознатата планина во Србија, Копаоник.

Како што вели Цеца, атмосферата во автобус е подобра отколку во автомобил или авион.

– Тоа е добра атмосфера, опуштена, релаксирачка разновидност. Секој прави што сака, а можеме и да спиеме – истакнала Цеца.

– Сите слушаа што сакаат, а јас бев малку со телефонот. Поентата е луѓето што повеќе да се опуштат и да се релаксираат за да бидат спремни за големи напори на концертот – изјавила Цеца.

Патувањето поминало добро, а Цеца и нејзиниот тим биле послужени и од временските услови и немаале потешкотии на патиштата, како што е вообичаено во овој период од годината поради снежните бури.

-Патувањето овој пат траеше четири и пол часа и беше многу забавно – истакнала Цеца.

Фото: Принтскрин/Јутјуб.мк

To top