Емра Куртишова (36) која стана попозната по улогата на Исаура од популарната македонска серија „Преспав“ му кажа „да“ на нејзиниот избраник актерот Петар Стојанов.
Помошничката Исаура (Емра Куртишова) која во третата сезона на „Преспав“ му стана голема љубов на рецепционерот Талат за брзо време си замина од пансионот со својот Лоренцо но, во четвртата сезона повторно му се врати и остана подолго. Сепак приказната повторно се реплицираше и таа пак си замина со Лоренцо што не е случај и во нејзиниот вистински живот.
Нејзиното срце во реалноста е резервирано само за Петар со кого е во љубовна врска веќе три години и која сега ја крунисаа со брак и свадбена веселба.
Инаку, тие се свршија минатата година во декември кога Петар ја побара Емра токму на нејзиниот роденден.
„Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, раскажа Емра за „Репортер“, минатата години во декември кога двојката објави и фотографии од запросувањето.
Емра ретко споделува фотографии од приватниот живот на социјалните мрежи па многумина беа изненадени кога откри дека се свршила, а сега и дека со Петар се венчале.
„Мој си е, си го земав“, напиша Емра на свадбената фотографија со Петар, а честитките од нејзините следбеници почнаа да се нижат.
View this post on Instagram
Емра и Петар се колеги од „Театарот за деца и младинци“ од каде се знаат подолго време и се добро познати и кај помладата публика.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Емра Куртишова/Стојанов П.