Актерот Андрија Милошевиќ и неговата девојка, односно актерка Александра Томиќ го очекуваат нивното прво дете.
Додека многумина очекуваат свадбени ѕвона, актерката откри дека не планира свадба со Андрија.
-Нема да има венчавка, ниту пак не интеренсира. Ќе живееме и ќе се радуваме. Тоа ме асоцира на преголема организација. Секој треба да живее онака како што мисли дека е најдобро во одреден период. Не се грижам премногу за такви работи“, изјави Александра во една прилика, а еве како го опиша својот партнер.
-Тој е многу несебичен како колега, а своето искуство и знаење го пренесува на секој кој сака да го сослуша. Тој е и одличен мотиватор и со својата енергија знае да ги „раздрма“ и другите актери. Мене ме научи како не треба пресериозно да го сфатиме животот и дека некогаш треба да се опуштиме без оглед на што ни се случува“, изјави тогаш Александра.
За потсетување, Андрија изјави дека е пресреќен што ќе стане татко.
-Многу сум среќен поради радосните вести. Ние тоа не го криеме. Ќе дојде време кога за тоа јавно ќе зборуваме. Преголема е еуфоријата. Им благодарам на сите за честитките. Ќе има прилики за се јавно да зборуваме“, изјави актерот.
Актерот и неговата помлада колешка врската ја започнаа пред повеќе од 9 години за време на заедничка работа во театарот Бошко Буха.
фото: пхотомастер/ало.рс/инстаграм