Победничката на „Задруга“, Луна Ѓогани по победата во реалното шоу и излегувањето од истото започна музичка кариера.
Имено, пејачката снимаше неколку песни, настапуваше во Македонија и регионот. Но, изгледа Луна не се прослави многу,а многумина ја критикуваат дека нема талент за пеење и дека на своите настапи пее на плејбек.
Во текот е третата сезона на „Задруга“, а во неа влезе и поранешното момче на Луна, Марко Миљковиќ.
Меѓутоа, „Информер“ сега пишува дека и Луна ќе влезе во „Задруга“ за да ја спаси својата музичка кариера.
„Сите пари кои ги заработи во реалното шоу ги потроши на стан и песни. Ги потроши сите 120 000 евра. Над 10 000 ги потроши во песни и спотови, но сега е во голем минус. Многу е разочарана бидејќи последните два месеци имаше само три настапи. И таа и Марко пред почетокот на оваа сезона на Задруга беа поканети да влезат во шоуто, па сега одлучија да ја искористат својата шанса. Иако зборуваше дека никогаш нема да влезе во реално шоу со Гаги, парите ја принудија да се предомисли. Се пофали дека овој пат добила многу повеќе пари“ вели извор за „Информер“.
Луна не се огласи по пишувањата дека ќе влезе во „Задруга“.