Спортистите, особено оние врвните професионалци најчесто се атлетски градени, силни, полни со енергија и кондиција, со мускулести тела и екстремитети… И мора да бидат такви, зашто таква е природата на спортот како нивна професија.
Прашање кое многу често си го поставуваат оичните луѓе, нивни навивачи, фанови, симпатизери или само обични следбеници на социјалните мрежи е дали „машката сила“ не е само нивна привилегија, туку неа ја користат и нивните понежни и поубави половини, кога ги „споделуваат“ домашните обврски.
Во една таква ситуација се најде и Нина, сопругата на македонската ракометна легенда, „министерот за одбрана“ како што го нарекуваат Борко Ристовски, која на дело покажа дека и убавиците, манекенките или моделите во одредени моменти исто така „мора да имаат силни мускули… иако ги немаат.
Имено, Нина сподели неколку фотографии од летниот одмор на кои се гледа како со своето синче Душан и нејзината сестра Мими уживаат на егејското крајбрежје.
На фотографиите никаде го нема Борко, што укажува на две нешта: Или постојано тој ги фотографирал или воопшто не бил со нив, што е многу поизвесно со оглед на професионалните обврски со подготовките за претстојната сезона.
А и поновата фотографијата на која се сите заедно и во чиј опис стои: „И 11 дена разделени се многу“ – укажува дека убавата сопруга на македонскиот голман покрај споделената убавина на фотографиите, морала да има „и мускули“ за да го замени сопругот во машките работи.
А, ако ги нема, малиот Душан е тука да и ги позјми своите… Се разбира засега само оние за пливање…
Впрочем, фотографијата која ја отсликува љубовта помеѓу мајката и синот заменува илјада зорови… Сакала или не… „И мама мора да носи мускули“!
Фото: Инстаграм принтскрин/ ninaristovska