Радио Милева завршиле во болница

Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени онесвестени во домот поради труење со гас

Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени онесвестени во домот поради труење со гас

Во станот на водителката Николина Ростовиќ позната како Пишек дошло до пукање на цевка од гас која целата зграда ја снадбува со греење, па така Николина и нејзината ќерка се затруеле со јаглерод моноксид, пишуваат медиумите.

„Се’ се случи во саботата вечер кон неделата.Николина околу 20часот се слушна со сопругот кој поради работа мораше да замине во Белград, тогаш му кажа дека со ќерката дошле од град и дека заедно ќе гледаат филм. Потоа Николина околу 1часот по полноќ му се јави на сопругот и му кажа дека Уна повратува и има силна главоболка. Таа му кажа дека и таа не се чувствува добро. Тој ги посоветува да одат веднаш на лекар“, вели извор близок на блиц.рс

фото: Инстаграм/николина пишек

Сопругот повторно ја побарал по неколку минути и бил загрижен зошто Николина не се јавува.

„Видоје веднаш им кажа на пријателите да одат до неговата куќа и да видат што се случува со Николина и Уна. Кога пријателите пристигнаа до домот, слушнаа дека кучињата лаат, но никој не ја отвара вратата. Тие ја разбија вратата и  ја најдоа Николина како без свест лежи на подот, како и нејзината ќерка лежи на кревет. Веднаш повикаа полиција и брза помош, а кога дојдоа кај нив сфатија дека пукнала цевка во текот на градежни активности и предизвикала труење од гас“, вели изворот.

фото: Инстаграм/николина пишек

Николина и Уна вчера се пуштени од болница, а во станот била измерена седум пати поголема доза на гас од дозволеното.

Водителката и нејзината ќерка биле сместени во болница, а биле пуштени во текот на вчерашнит ден.

„Еве сега не отпуштија од болница. Се затрувме со јаглерод моноксид. Добро сме. Не можам да тврдам кој е виновен, но може да претпоставам. Станува збор за гасоводна институција кои прабеа сервис три дена пред инцидентот поточно во среда“, се огласи Пишек по излегувањето од болница.

To top