Промотер

Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО)

Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО)

По три успешни сезони на забавната емисија „Жешко столче“ снимени во Скопје и во Белград, водителот на емисијата Никола Трпковски отвора ново поглавје, зачекорувајќи и на музичката сцена, овој пат како Ninne.

Неговото прво музичко остварување со наслов „Сада знам“, имаше своја промоција и премиера во Intermezzo Music Bar на 08 февруари, вторник,  како и на каналот на „Жешко столче“ на You Tube.

Интересна нумера испена истовремено и на српски и на македонски јазик, лесно прифатлив звук, модерен бит и ултрамодерен видео запис.

Музиката е на фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов  и Деки, исто така член на групата, додека ‭стиховите ги напишала младата раперка, ‬Дијана‭ ‬ОГ.

Иван Јованов и неговата девојка, Антонија Гиговска дадоа свој придонес и во целиот процес на пеење и се јавуваат како придружни вокали чии гласови ги слушате во позадина на снимката.

Видеозаписот е потпишан од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле и од матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко столче“, а во спотот се појавува и моделот Сара.

Како изгледа и звучи сето ова спакувано, проследете во видеото подолу:

To top