Лице в Лице

Никола Роквиќ: „Моите деца често ме прашуваат, тато како тебе сите те знаат на улица?“ (ВИДЕО)

Никола Роквиќ: „Моите деца често ме прашуваат, тато како тебе сите те знаат на улица?“ (ВИДЕО)

Српската музичка ѕвезда Никола Роквиќ вчераve вечер, петок, 15-ти декември 2023-та година, пееше пред македонската публика по повод десет годишнината од ресторанот Градина во Скопје.

По тој повод екипата на Курир успеа да направи кратко интервју со пејачот по повод неговиот настап во Скопје, поразговаравме и кога македонската публика може да очекува концерт од него како и кои се неговите желби во Новата година.

Музиката е она што прво ме асоцира кога ќе дојдам во Македонија, добрите и весели луѓе, енергијата и позитивата, а што се однесува до нашата работа е многу лесно за пеење, но сепак постои некоја доза на не можам да кажам трема, нон одговорност бидејќи сте многу музикални и веднаш се слуша кога нешто не е како што треба, но во Македонија и кога е спора и кога е брза песна луѓето се весели, така да нема проблем со вас, вели Роквиќ.

На прашањето што може да очекува македонската публика од неговиот настап вели дека очекува добра музика и атмосфера, разни емоции и многу љубов.

Кои се вашите желби и очекувања од Новата година 2024?

Па да сме живи и здрави, благословени да има што повеќе деца и секако на луѓето им посакувам материјални добра.

Дали вашите деца имаат новогодишни желби и дали вие како нивен Дедо мраз ќе им ги исполните?

Па да, тоа се секако играчки и ние ги преслушуваме и потоа јас сум Дедо мраз и им ги давам подароците.

Во едно интервју ќе кажете дека ги изолирате вашите деца од медиумите и дека не им пуштате телевизор дома. Дали знаат кој е нивниот татко, а уште повеќе кој бил нивниот дедо?

Знаете како не можете во целост да ги изолирате, треба децата да гледаат телевизија и да седат на телефоните, но тоа да не е целодневна преокупација, туку повеќе да си играат и да се посвети време на нив. Секако треба да им се даде и тоа но со некое ограничување. Знаат со што се занимава нивниот татко, секако тоа е многу интересно особено за најстарата ќерка која е прво одделение и ме прашува „татко како тебе сите те знаат на улица“ и јас поминав низ тој период со мојот татко кој беше познат така да интересно им е тоа на децата.

Вели дека некои од неговите три деца сака да го наследи талентот кон музика и дека тоа е дар кој ги прави среќни нив и тие што ги слушаат.

Вели дека концерт македонската музичка публика може да очекува идната година.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

To top