Поранешната задругарка Драгана Митар дури седум пати го оперирала носот, а при последната операција лекарот морал да и ја извади рскавицата од реброто и да и ја стави во носот, за да не остане без неа. На социјалните мрежи се појави фотографија пред и по операцијата на која Драгана изгледа сосема поинаку, а нејзиниот нос има сосема поинаков облик.
„Ништо не и беше во ред со носот. Сега е хорор“, „Имаше навистина убав нос, но сега изгледа како вонземјанка“, „Што си направила со себе“, се само дел од коментарите.
Таа на 18 октомври по седми пат го оперирала носот во приватна клиника во Белград, за што платила дури 10.000 евра.
– Докторот ми направи скен за да види што точно е отстрането. Внатре се е оштетено! Ме стави под тотална анестезија, направи засек под десната града и извади дел од ‘рскавицата од реброто, која детално ја обработи во машината. Потоа ја вметнал рскавицата во носот, за да има што да ја држи. Операцијата траела дури 11 часа! – изјави неодамна Драгана.
Фото: принтскрин/Инстаграм/Србија Шоубизнис