Иако долго време се шпекулираше дека Анабела не ја подржувала врската меѓу нејзината ќерка Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ, таа по тој повод не се огласуваше.
Меѓутоа, по раскинувањето на Марко и Луна, Анабела одлучи да проговори и таа ги прокоментира случувањата на љубовното поле на нејзината ќерка.
„Што да кажам? Се што изјави, тоа е нејзина работа, нејзин живот и секогаш правеше она што мислеше“ вели Анабела и додава:
„Животот оди понатаму, никој не умре, сите сме живи и здрави. Таа конечно сфати дека треба да прави она што сака“ вели пејачката, а потоа проговори и за нејзиниот развод со Андреј Атијас.
„Се заврши добро. Јас сум полна со позитивна енергија, се надевам дека вие така се чувствувате и дека така ќе влезете во Новата година. Треба човекот да научи на трпение“ вели Анабела.