Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.
И оваа година ќе има доста македонски претставници, а веќе во нашите вести ве информиравме за настапите на некои од нив.
Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје. Таа се претстави со песните „Грам емоција“ од Министерки и „Битагна и принцеза“ од Јелена Томашевиќ.
По нејзината изведба, Елеонора доби два гласa и тоа од Ана Бекута и Џорџе Давид.
Кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше изненадено.
„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеја на српски јазик.
Од друга страна, Џорџе Давид ја одбра да биде во неговата екипа, односно тој ќе и биде ментор и објасни дека во следниот круг ќе „растури“ и од неа може да се направи нешто интересно.
Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07.
https://www.youtube.com/watch?v=zJvKDF4px5w