По веста дека Леонардо Ди Каприо (45) конечно се оженил, светските медиуми пишуваат дека неговата 23-години помлада девојка Камила Мороне (22) е бремена!
Според пишувањето на „ОК“, Леонардо потрошил пари во вредност од 4 милиони долари на тајната свадба, и немало предбрачен договор.
Исто така, споменатиот весник наведува дека Бред Пит е тој што го убедил својот најдобар пријател Леонардо да се заколне на за вечна љубов кон младата Камила.
Ниту Камила, ниту Леонардо, ниту Бред Пит не дадоа никакви соопштенија во врска со пласираните информации.
За потсетување, Леонардо никогаш не се ожени и ако е вистина дека Камила е бремена, тоа ќе биде неговото прво дете.
Двојката е заедно од 2017 година, но ретко се појавуваат во јавноста заедно. Леонардо ја запозна Камила од многу близок пријател, актерот Ал Пачино (79), кога имаше само 10 години. Ал Пачино, патем, долго време бил во врска со мајката на Камила, Лусил Сол.
Камила само еднаш зборуваше за негативните коментари за нејзината врска со Леонардо, кога напишаа дека тој е заинтересиран само за нејзиниот физички изглед.
-„Леонардо е заинтересиран само за твоето тело. Вашата врска ќе заврши кога ќе наполниш 25 години“ – коментираа.
– Само што прочитав неколку коментари на мојот Инстаграм и … Боже, луѓето се зли и лути на луѓето за кои не знаат ништо. Се надевам дека луѓето ќе научат да живеат со помалку омраза и да го насочуваат своето време и интереси на друго место, затоа што животот без омраза е убав – им рече Камила во тоа време.