Изминатиот викенд во Кавадарци се одржа традиционалниот Тиквешки Гроздобер 2018, а покрај неколкуте македонски изведувачи во предвидените три вечери, последна за крај пееше српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Па така, многу автобуси се упатија кон градот на виното и ракијата, а како сите така и главната ѕвезда.
Иако можеби се очекуваше Цеца да пристигне со некој луксузен автомобил во Тиквешијата, таа од Белград допатува со автобус.
Но, не и е првпат на настапи да патува со автобус каков што беше случајот и сега.