Радио Милева
необични идеи

Никој не може да поверува – бизарни барања на семејството Кардашијан во случај на смрт (фото)

Никој не може да поверува – бизарни барања на семејството Кардашијан во случај на смрт (фото)

Семејството Крадашијан привлекува огромно внимание од нивното појавување во јавноста, а се истакнуваат по својот необичен начин на живот. Овој пат тие се надминаа себеси со својата бизарност.

Последната епизода од нивното реално шоу покажа дека Крис Џенер прави операција на колкот од здравствени причини, што ја отвори темата за смртта, по што се појавија бизарни идеи.

Имено, Ким ги замолила лекарите да и ги задржат коските на колкот на Џенер за да може од нив да изработи накит. Нејзините сестри Кајли и Клои биле шокирани кога слушнале за нејзиното барање, а Клои набрзо ја потсетила Крис дека имала слично барање.

„Се сеќаваш ли кога рече дека кога ќе умреш дека сакаш да бидеш кремирана, па побара да направиме ѓердани од твојта пепел?“, рекла Клои, на што Крис и дала јасен одговор: „Тоа е одлична идеја“.

Клои тогаш откри дека таа и нејзиното семејство често разговараат на такви теми и дека тоа не им е непознато и дека секој од нив има посебни желби во случај на смрт.

“Ако сум во кома, сакам некој да ми ги чисти ноктите еднаш неделно. Луѓето сепак ќе ме посетуваат”, рекла Клои.

Тие коментираа и за начинот на кој сакаат да бидат погребани, односно дали сакаат да бидат кремирани или закопани, на што Клои искоментира: „Што ако се случи сите да бидеме погребани и некој реши да изгради голем забавен парк во гробишта“, прашала таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ким Кардашијан

Останати вести од Радио Милева