Јелена Карлеуша им беше гостинка на Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ во “Утринска програма” на ТВ “Прва” и ја изненади публиката со стилот во кој таа се појави.
Кога влезе во студиото, многумина во почетокот не ја препознаа и не сфатија за кој гостин се работи бидејќи Карлеуша дојде речиси целосно маскирана, сакајќи овој пат да го привлече вниманието.
На главата имаше очила за сонце и шамија, а овој нејзин неочекуван стајлинг, веднаш стана предмет на разни коментари.
Пејачката ја искористи можноста да направи селфи со Јована и малото кутре кое секое утрои прави друштво на двојката во студиото.