Радио Милева

„Никој не дошол од Македонија, а да не знае да пее“: Жирито и поласка на македонската кандидатка во „Никогаш не е доцна“

„Никој не дошол од Македонија, а да не знае да пее“: Жирито и поласка на македонската кандидатка во „Никогаш не е доцна“

Има една изрека која вели: „Во Србија немој да играш, во Босна немој да пееш, а во Македонија немој ни играш ни да пееш“, па изгледа оваа теза се покажа како точна, посебно кога станува збор за регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Имено, неколку години по ред во ова музичко победија неколку Македонци односно победи Горан Кукиќ, Добрила Ивановска Чабриќ, Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dvojna-pobeda-za-makedonija-lenche-kukjikj-i-bejhan-ramov-ja-odnesoa-pobedata-vo-nikogash-ne-e-docna-video/

И оваа година во „Никогаш не е доцна“ има многу македонски кандидати кои го покажуваат својот талент, а некои од нив велат дека појавувањето во музичкото шоу е исполнување на нивниот сон.

Во последната емисија настапуваше и 43 годишната Емилија од Скопје која истакна дека со ова појавување пред камерите се исполнила нејзината желба.

фото: Принтскрин/јутуб

Емилија се претстави со песната „Море сокол пие вода на Вардарот“, а Џенан Лоначервиќ кој беше дел од жирито истакна

„Никој не дошол од Македонија, а да не знае да пее. Браво за вас“ .

фото: Принтскрин/јутуб

Марија Килибарда која беше дел од жирито исто така имаше пофални за македонската кандидатка.

„Ема, сакам да ви кажам дека имате прекрасна поддршка каква што вие ја имате. Јас од време на време погледнував во сопругот и децата и од нив најверојатно добивате енергија. Изгледате многу  елегантно, имате прекрасен стил и многу сте женствени. Бевте прекрасни, ви благодарам“ изјави Марија.

фото: Принтскрин/јутуб

Емилија не помина директно во следниот круг, но по онлајн гласовите и гласовите на „Фејсбук“, публиката одлучи дека треба да оди во вториот круг.

Како Ема ќе изгледа во наредното претставување, останува да видиме.

Во продолжение погледнето го нејзиниот настап на 28:06.

To top