Радио Милева

Никогаш видена фотографија од Тијана Дапчевиќ и нејзината мајка: Вака изгледаше пејачката како бебе

Никогаш видена фотографија од Тијана Дапчевиќ и нејзината мајка: Вака изгледаше пејачката како бебе

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – Скопје каде што обожава да го поминува времето со своите најмили.

Дапчевиќ важи за една од најдобрите вокали во регионот со богата кариера зад себе и многубројни хитови. Но, освен талент за музика, македонската пејачка има и талент за глума, па последен пат имавме прилика да ја гледаме во улогата на Ула во серијата „Преспав“.

Кога станува збор за нејзиниот приватен исто така е исполнета, односно повеќе од 20 години е во брак со Милан Дапчевиќ со кој го има синот Вук.

фото: принтскрин/инстаграм

Тијана често доаѓа и во Скопје, што поради професионални ангажамни, што поради тоа да го посети семејството, односно нејзините мајка и татко, сестрата Тамара Тодевска, како и внуците Хана и Дарен.

фото: стори.рс

Меѓутоа, изгледа деновиве и се вратија убави спомени на Тијана, па пребраруваше по албумот со стари фотографии. Секогаш барањето  по архива не враќа на еден убав период.

Тијана во својот албум најде фотографирија во раните месеци од нејзиниот живот, односно кога била бебе.

На фотографијата таа позира со нејзината мајка Брана. Во описот на објавата, Дапчевиќ напиша:

„Мајка ми и јас како малечка“ .

фото: Принтскрин/инстаграм

Објавата за краток период доби повеќе од 2 000 лајкови. Сигурно, пејачката се израдувала кога во своите спомени ја нашла ова слатка фотографија.

To top