Бојана Лазиќ, популарната водителка на Телевизија Пинк, уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните водителки на медиумска сцена. Таа се појави претходната вечер на настан во главниот град, а нејзиниот изглед уште еднаш го привлече вниманието на многу присутни, особено на мажите.
Имено, русокосата водителка на црвениот тепих се појави во фустан кој повеќе открива отколку што покрива. Бидејќи имала проблем со немирните гради, често морала да го мести фустанот за да избегне несакани сцени.
Сепак, тоа не ја намали нејзината убавина и шарм кој привлече многу погледи.
Фустанот што го носеше Бојана, во виолетова боја, ја следеше линијата на нејзиното тело, а над него носеше црна кожна јакна. Носеше и црни сандали и чанта, кои го комплетираа нејзиниот изглед.
Но и овој пат убавата водителка со бујното деколте го привлече вниманието на сите, а нејзиниот стајлинг веднаш го сподели и со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Атонио Ахел/Ата Имаџес