Абида Милкуниќ за време на емисијата доброволно се откажа од натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранда“, за што неодамна јавноста ја извести видно шокираниот Саша Поповиќ.
Абида доби 4 гласа и пофалби од жирито во натпреварувањето и заврши во баражот. Но, кога требаше да настапи во бараж делот, таа самоиницијативно реши да го напушти шоуто, што го затече и Поповиќ.
– Имаме еден случај што не ми се случило досега во „Ѕвездите на Гранд“, а тоа е дека еден од натпреварувачите си замина. Таа го напушти натпреварот, си замина и не објасни зошто и како. Тоа е Абида Милкуниќ, затоа никогаш повеќе нема да може да се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“- изјавил Поповиќ.
Абида Милкуниќ сега истакнува дека баражот и „паднал тешко“.
– Не можам да кажам дека не е, но во ред – изјавила Абида за „Гранд“, додека на прашањето дали очекувањата се преголеми, па затоа и разочарувањето било поголемо, таа одговорила:
– Искрено, имав една проба со Вики и се беше супер, но кога дојдов овде се прекинав. Имав трема од сцената, невозможно е без неа. Се обидов да победам, но гласовите кажаа се.
Фото: Принтскрин/ТВ Пинк