Македонската ТВ водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска на социјалните мрежи редовно споделува моменти од своето секојдневие.
Таа е од оние кои во текот на денот со камерата меморираат се што ќе им се случи за да покажат со кого се, што јадат, со што се подновиле или каде патувале.
Овој пат, Лила која е голема инспирација за многумина покажа што неодамна направила како вистински верник на едно далечно патување.
Таа вчера во подоцнежните часови кога православните христијани го славеа празникот Св. Јован – Крстител „ископа“ видео од сопствената крштевка кое го постираше на нејзиниот профил на Инстаграм и ги воодушеви своите обожаватели.
Имено, водителката го покажа моментот кога влегува во светите води на реката Јордан, специфично облечена, со долга бела маичка со принт од светото Исусово крштение.
„Како вистинска христијанка и верник неодамна ми се исполни една дамнешна желба…. Крштевање во светите води на реката Јордан местото каде Јован крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бога. Да правиме добри дела и да шириме љубов“ – стоеше во описот.
View this post on Instagram
– И кумата ме крсти во светата вода. А малку фалеше да паднам. И за крај нормално аплауз – на свој начин појасни таа во видеото.
Под објавата се нижеа позитивните коменатри и лајкови од нејзините фанови и пријатели кои и го честитаа крштевањето во светите води на реката Јордан.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска