Секој работен ден гледачите на телевизија Сител имаат прилика веќе седум сезони наназад да го гледаат едно од најпопуларните кулинарски шоуа кај нас, „Брза кујна“.
Кандидати за учество кои сакаат да готват заедно со шефовите Никола и Бобан има постојано, па има дури и такви кои сакаат повторно да бидат дел и да ги покажат своите вештини пред камери. Правила за возраст нема, па секојдневно можеме да видиме и од помладите и од повозрасните учесници во тимот на пиперките и доматите.
Откако со помош на шефовите ќе се погдотви замислениот рецепт, следува дегустација и коментар за финалното дело. Предјадење, главно јадење и десерт, од сe’ да се проба по некој залак и да се даде оценка, која секогаш е пофална. Сепак, во едно од последните изданија се случи преседан, а виновникот за тоа беше водителката Сања Савеска.
Специјалитетот за главно јадење беше пилешко со банана и афинон, од кое проба учесникот, ама со голема доза на скептицизам тоа го направи и Сања. Таа откако проба на шефовите им кажа „ Што ви правам за да ме раните вака“, па побара од натпреварувачот и тој да даде искрен коментар за необичната комбинација, но тој за разлика од Сања беше задоволен.
На крај водителката реши да оди кај шеф Бобан и да проба од дрпчето кое тој го зготвил, а за бананата и пилешкото каже дека следната емисија ќе појасни како поминала со сензитивноста на стомакот. Следната емисија Сања беше на позиција и со дополнителен духовит коментар дека преживеала.
Како изгледаше овој позитивен хаос погледнете во продолжение:
фото: Facebook/ Брза Кујна – Сител Телевизија