Весна Драгојевиќ, сопругата на неодамна починатиот пејач Оливер Драгојевиќ во прво интервју по неговата смрт откри дека пејачот не го дочекал раѓањето на неговото шесто внуче кое наскоро треба да се роди.
Пред неколку дена, сопругата на Оливер објави отворено писмо во кое се прости од сопругот со кој беше во брак пет децении. Таа објасни како изгледа животот на семејството после загубата.
„Синот Давор гради куќа на Пржба, а неговата сопруга Кармен наскоро треба да се породи. Го носи нашото шесто внуче кое ќе се вика Марко. Оливер никогаш нема да го види Марко, но како стојат работите нема да не чуди ако малото се роди и пред време. Сите го чекаме и му се радуваме. Изгледа така оди во животот, по големата тага доаѓа голема среќа, вели Весна.
Таа истакна дека откако Оливер дознал за неговата болест имал желба за живот и дека сите се надевале дека ќе се спаси.