Таа е една од најшармантните и најатрактивните македонски пејачки, но и докторки која моментално е посветена на полето на естетиката.
Познато е дека покрај музиката, нејзина голема љубов е медицината, а моментално поради пандемијата со коронавирус, за Симона настапите и муиката се ставени на пауза.
Своевремено Симона откри дека уште како мала сакала да си игра докторка, а пак на сцената исто така била од мали нозе.
Таа се присети на далечната 2002 година кога како малечко девојченце настапувала на „Златно славејче“ со песничката „Братче без мана“ и направи неколку „стори“ за на Инсатграм.
Со снимките од својот настап на реномираниот детскиот фестивал, Симонче покажа како изгледала како дете.
Динамична на сцена како и сега, Симона и тогаш била статка како бонбонче, но тешко кој би препознал дека е токму таа.