Актерката Лидија Вукиќевиќ е препознатлива по својата долга, виткана коса.
Меѓутоа, сега ги изненади фановите со нејзината последна објава на социјалните мрежи.
Имено, актерката направи промена и изненади со својот нов изглед.
Вукуќевиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која има права коса и првпат е видена во вакво издание.
„Можам и јас вака“, напиша до објавата.
Инаку, актерката неодамна откри дека пронашла партнер кој и одговара, но и дека е 15 години помлад од неа.
„Младиот партнер ми внесе радост. Ми беше потребен некој сличен на мене, не верувам во она дека се привлекуваат сличностите“, изјави актерката.
Под објавата од новата фризура Лидија доби многу позитивни коментари.