Фитнес инструктрката Ана Стојановса за која сте читале многупати, и е добро познат мотиватор за многу жени кога е во прашање изгледот, се омажи и направи гламурозна свадбена веселба во вила во Охрид.
Ана во ноември 2021 година, беше запросена од саканиот на кровот на ГТЦ во Скопје, а венчавката се одржа изминатиот викенд.
Со своите фанови Ана сподели дека свадбениот ден го започна со инфузија и напиша: „Сè е ок. Не е лесно да си невеста“.
Следеа уште многу фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм, од моментот на шминкањето, фризурата, изборот на невестински чевли, па се до највозбудливите моменти од забавата.
Венчавката по желба на Ана била во американски стил, на сопругот ја предаде нејзиниот татко, а таа блескаше во минимиалистичка сатенска венчаница со ултра висок шлиц.
Откако завршиле официјалните моменти, Ана ја соблече венчаницата и се префрл на комбор, свадбен и свечено ама спортски – на патики.
Таа носеше минијатурно парче сочинето од тенки и светкави синџирчиња од кое во фокус беше деколтето и голите нозе.
Се’ на се’ од приложеното може да се види дека Ана и Кирил имале свадба за паметење.
фото:Инстаграм принтскрин/ Ана Стојанова