Татјана Стојановска, добро познатиот телевизиски лик, изминатиот викенд имаше голем ден за свавење, возбуда, теперење од убаво – венчавката со нејзиниот избраник Михаил Киотаноски.
Регистрацијата и прославата во кругот на најблиските роднини и пријатели се случи во тениското на хотелот Александар Палас, а моментите од големиот дел Татјана ги сподели со Вистина.ком.мк.
За забавата да биде според посакуваното на младите и за меракот на гостите, се погрижиле групата „Соната“ и Кате.
Ако Тајнана секојдневно изгледа беспрекорно пред камерите, за својата венчавка едноставно блескаше како никогаш досега. Довербата за шминка и фризура му ја довери на долгогодишниот соработник Дадар кој ја стилизираше да изгледа како кукла.
Тесна венчаница во сирена крој со нагласено деколте, а дијадемата дополнително ја нагласи нејзината убавина во спој во едноставно собраната коса.
За потсетување, Тања и бизнис консултантот Михаил живееја заедно во неформален брак околу осусм години, а по точно десет откако ја запроси решиле на истиот ден, 10-ти јуни да ја направат свадбата. Во едно интервју своевремено за својот сакан таа кажа дека ја освоил со својот интелект и шарм.
-Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, кажа Тања за „Бекстејџ“.
Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која по една деценија заедно заврши и со формален брак. Татјана од првиот брак со пејачот Благоја Грујовски го има 25 годишниот син Матеј.
фото:Приватна архива