Радио Милева
повеќе не се трпи...

Неверствата на сопругот ја прелија чашата, па манекенката нема повеќе намера да се убедува: Емили Ратајковски се разведува! (ФОТО)

Неверствата на сопругот ја прелија чашата, па манекенката нема повеќе намера да се убедува: Емили Ратајковски се разведува! (ФОТО)

Емили Ратајковски (31) важи за една од најубавите жени на светот, а веста дека оваа згодна дама се разведува од сопругот, продуцентот Себастијан Бур-МекКлард (41), одекна во светот како гром од ведро небо. Порталот Среќна Република открива зошто раскинале.

 

Имено, иако се уште ја немаат потврдено разделбата, американската манекенка во последно време е видена без бурма на раката, а нивната последна заедничка фотографија ја објави пред повеќе од една година на својот Инстаграм профил.

Се испостави дека има причина за овој молк, а очигледно овој пар решил да се раздели. Ако им се верува на извори блиски до манекенката, кои тврдат дека продуцентот ја изневерил актерката не еднаш, туку повеќе пати. Многу упатени тврдат дека Себастијан е сериски измамник и дека кон мајката на својот едногодишен син се однесувал како „копиле“.

Имено, Емили го роди нивниот син Силвестер во март 2021 година, но изгледа дека детето не го подобри односот меѓу партнерите. Врската на оваа двојка привлече внимание од самиот почеток, кога се венчаа само две недели откако објавија дека се заедно, пишува порталот Page Six.

Тие се во брак од февруари 2018 година, а манекенката на венчавката не носеше венчаница, туку окер одело и црна капа. Како причина за тоа го наведе фактот дека не би било во ред да носи бело бидејќи не е „чиста жена“!

Фото: Инстаграм принтскрин/Tanjug/AP/emrata

Останати вести од Радио Милева