Објавата на Бастијан Швајнштајгер на неговиот Инстаграм профил направи вистински „бум“ на социјалните мрежи.
Популарниот Швајни толку се промени, да речиси ниту неговата сакана едвај би го препознала. Сепак, таа трансформација не е трајна.
Станува збор за една реклама за чија цел тој целосно се „запушти“ за да биде адекватен за улогата. Со оглед на тоа колку внимание привлече со изгледот, може да се каже дека кампањата е успешна.
Ана пак, пред неколку дена сними реклама за бознат бренд часовници, каде се појавува Нејмар и Лајонел Меси. Но, за разлика од својот сопруг Ана не мораше да се трансформира.
фото:Guliver Getty Images, инсатграм