Иако како вид се чувствуваме супериорни, факт е дека не секогаш можеме да ги интензивираме сите сетила и да бидеме надмоќни. Но кога нешто силно се посакува и се прави со љубов, тогаш знаеме да се зачудиме на нештата кои сме успеале да ги постигнеме – нели?
Кога пак ќе помислите на детството, сигурно ќе се сетите на желбата да поседувате супермоќи што сте ги сретнале кај суперхероите, па без разлика што сте пораснати и можеби веќе не фантазирате за ова како тогаш, дел од вас сигурно сè уште сака да поседува некоја од нив.
Токму јавната професија или естрадниот живот не е нималку лесен, особено за жена која е реализирана како сопруга и мајка, а истовремено сака и верува дека може да ги исполни своите професионални подвизи кои ги бара сцената.
Дека кога се сака се може сè, постојано докажува и покажува нашата позната поп-пејачка Наташа Маликова која според она што успева да го постигне како професионално така и приватно, како да има супермоќи.
View this post on Instagram
Иако е мајка на две ќерки, раководи фамилијален бизнис, домаќинство, таа успева целосно да и се предаде и на музиката и кариерата која успеа ја донесе на посакуваното ниво.
Полна агенда настапи, снимања во студио, фотосесии, непреспани ноќи…од утро до мрак како да манипулира со времето, а на крај задоволна публиката, семејството и секако самата таа од фитбекот кој го добива, а тоа се гледа од она што го споделува со своите фанови, пријатели, следбеници.
View this post on Instagram
Периодов неуморно работи на нов материјал во студио, снимаше фотосесија, настапува речиси секој ден од неделата низ целата земја, а згора на тоа знае да се пофали дека нашла време и за зготви.
Едноставно невозможно-возможна!
Без да ја прашаме јасно е дека тајната се крие во љубовта, а таа е супер жена која е мотив и инспирација дека кога се сака, сите можеме да поседуваме супермоќи!
фото:instagram/facebook/natasamalinkova