Несудената снашка на Цеца, Маша Терзиќ, се’ уште крие дека е бремена, но сега на Инстаграм објави фотографија на која пролично и се познава трудничкиот стомак.
Имено, Маша позирала на терасата на едно белградско кафуле, додека била облечена во темно сино палто под кое може да се забележи подпораснатиот труднички стомак.
Инаку, Маша веќе една година е во врска со партнерот со кој чека дете, а како што објавија медиумите во Србија, бившата девојка на Вељко Ражнатовиќ носи машко дете.
„Маша е многу возбудена поради нејзината нова животна улога. Таа и нејзиниот партнер се верија пред два месеци кога тој и подари дури два прстени, а не планираат венчавка додека не се роди бебето. Нејзиното момче не живее во Белград, се занимава со сериозна работа, поради што не сака да се разоткрива. Венчавката ќе се одржи во странство, на лето, кога ќе пристигне синот“ – изјавил за српски Телеграф извор близок до семејството Терзиќ.
„Заедно се со вереникот една година и Маша постојано го следи, бидејќи поради природата на работата тој често патува. Тие одлично се согласуваат и сите нејзини пријатели велат дека никогаш во животот не била посреќна. Заедно донеле одлука Маша да се породи во странство“ – ја заклучува приказната изворот.