Радио Милева нешто се крчка или...?

Несудената „Гранд ѕвезда“ налета членката на „Гранд жирито“: Аце од „Балкан бенд“ ја сретна Марија Шерифовиќ – падна ли „Молитва“? (ФОТО)

Несудената „Гранд ѕвезда“ налета членката на „Гранд жирито“: Аце од „Балкан бенд“ ја сретна Марија Шерифовиќ – падна ли „Молитва“?  (ФОТО)

Марија Шерифовиќ дојде на блиц посета во Скопје. Српската поп пејачка и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ како што епознато на 17-ти март ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје.Таа дојде во македонската метропла за што подобро да го испромовира настанот, па за таа цел имаше прес дружба со новинарите и гостуваше на неколку медиуми, меѓу кои беа и неколку локални и национални радија и телевизии.

По завршените работни обврски српската поп ѕвезда реши да се прошета низ Скопје во туристичко разгледување на градот, а патем се разбира некаде  и да седне на кафе пауза. А кога веќе има можност да се спои убавото со корисното, Шерифовиќ ја одбра улица Македонија на која е лоцирана една од локалните телевизии, во чии рамки на програмата оди новата забавно-кулинарска емисија „Нешто се крчка“, во која познатите личности треба да готват.

Марија како професионалец додека чекаше да завршат подготовките за почеток на снимањето седна на маста за дегуставција на зготвеното, а нејзе и се придружија две момчиња, од кои едното добро познато естрадно лице – Александар Тасевски, некогашниот вокал на „Браво бенд“ сега во истата функција во новосоздадениот „Балкан бенд“.  

Јавноста добро памети дека Аце минатата година се обиде да си ја проба среќата и соло, пријавувајќи се во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Токму затоа несудената „Гранд ѕвезда“ кога веќе случајно налета на членката на „Гранд“ жирито, го искористи моментот да седне заедно со неа на маса, за малку да поразговараат и разменат искуства.

Бидејќи е некултурно да се прислушува туѓиот муабет, за присутните остана нејасно дали на масата падна „молитва“ за втора шанса?

„Барем збор, еден, збор, некаков изговор… дај ми да поправам се’… “ – како што самиот Аце пее во стиховите на песната „Неверник“ на неговите „Балкан бенд“!

Дали можеби Шерифовиќ, онака како што ја дал Бог „Паметна и луда“ сакајќи да му прати скриена порака му шепна, а можеби и му отпеа на увце на Аце некој од своите рефрени: „За среќу нам мало треба“ или  „Део прошлости“, остана тајна! Времето ќе разоткрие дали сепак „нешто се крчка“?!

Како и да е, едно е сигурно:  Од заедничката блиц дружба на која случајно се најдоа нашиот фолк пејач и регионалната поп ѕвезда ќе остане понекоја заедничка фотографија… за спомен и долго сеќавање!

 

 

To top