Една од најголемите хрватски ѕвезди Северина неодамна ја започна својата турнеја „The magic tour“.
Како дел од оваа турнеја, Северина пред некој ден одржа и спектакуларен концерт пред полната „Штарк Арена“ во Белград.
На концертот освен нејзините фанови присуствуваа и голем број на јавни личности. Меѓутоа, кога започна концертот односно во текот на изведбата на првата песна се случи незгода во „Штарк арена“.
Имено, Северина се појавила на сцената и почнала да пее, а во салата се слушнало врескање, пишува ало.рс
„Рефлекторот пукна, а стаклото се разлета право на публиката. Девојките вреснаа, како што видовме, малку ги повреди скршеното стакло, а обезбедувањето веднаш ги тргна“, открил очевидец и додава:
„Откако е избегната трагедија, обезбедувањето остана да стои на местото каде што беше стаклото за да никој не се приближи и да не се повреди. За среќа, се помина добро и никој не се повреди“ вели сведокот.
За потсетување, Северина продолжува со своја турнеја.