Промотер

Нешо, Кискинов и Авторот имаат заедничко – „Влијание“ (ВИДЕО)

Нешо, Кискинов и Авторот имаат заедничко – „Влијание“ (ВИДЕО)

Велешкиот рапер  Нешо го претстави најновиот сингл од неговиот прв самостоен албум „Балканизам“ што го промовираше во мај годинава. Станува збор за темата насловена „Влијание“, за која силите ги здружи со колегите Кискинов и Авторот.

„Овој звук е нешто што ќе ве запрепасти ! Премногу топол звук кој доаѓа од Велес па продолжува до Струмица… Уживајте и се гледаме на ’Д фестивал’ во Дојран на 13 јули во сабота на сцената ’Москито’“, порача Нешо.

„Влијание што лечи му посветувам внимание, и да сум депресивен да ме крене ко востание“, рапува велешанецот во својот најнов сингл, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение.