Домот на Верица Шерифовиќ, каде често доаѓа нејзината ќерка Марија, се уште се наоѓа во Крагуевац бидејќи двете познати пејачки не можат да замислат семејно катче на кое било друго место.
Од неодамна е можно да се открие како изгледа оваа куќа, бидејќи Верица Шерифовиќ е се поактивна на социјалните мрежи.
На своите следбеници им покажала како изгледа нејзината кујна додека подготвувала интересни јадења, го покажала и фоајето на својата голема куќа, но се пофалила и со рачните изработки кои сака да ги прави во слободното време. Сето ова од различни агли откри како денес изгледа домот на Верица Шерифовиќ.
Сигурно домот на Верица Шерифовиќ и понатаму е дом на Марија Шерифовиќ иако познатата поп пејачка со години не живее таму.
Таа сака да го обиколува семејниот дом, а нејзината соба е сè уште недопрена од нејзиното детство.
Сите ја фалат декоративната керамика која Верица сама ја изработува, а многу внимание посветува и на внимателно уредената градина.
фото:Инстаграм принтскрин