Ако го отворите Инстаграм профилот на Снеже Велков, водителката на емисијата „Нешто конкретно“, ќе забележите дека таа воопшто не го менува изгледот ниту пак должината на нејзината коса.
Сепак дали е тоа лоша навика, особено ако тоа нешто и ве иритира е прашање за размислување.
Познатите се обични луѓе кои честопати го задржуваат истиот изглед поради лесна препознатливот и автентичност, а во таа група несомнено припаѓа и синооката убавица, која пак знае да внесе свежина во други нешта, на пример да се пошегува на своја сметка како овој пат.
Таа на нејзиното „стори“ постираше кратко видео со кое покажа дека се „бори“ со нив, нешто што многу жени и девојки едноставно го мразат и знаат колку тоа може да биде напорно па поради тоа не се одлучуваат на „drape“ шишките, кои пак од друга страна изгледаат одлично.
Но, веројатно на Снеже не и е галје колку се здодевни, па едноставно досега не и се нашле на листата за промена.
Таа сега беше искрена и со фановите сподели колку понекогаш и одат на живци, па познатата „Снежана и седумте џуџињата“ ја замени со
– Снежана и непослушната шишка – како нова варијанта на приказната која и на други им е добро позната.
Како музичка позадина и песната што ја одбрала алудира на кркмите кои како завеса и паѓаа пред очите.
Но, сѐ е до навиките, токму тие се оние кои ја градат личноста и даваат енергија за поголема сигурност во себе, а тоа е најважно.
Фото: Printskrin/Instaram/velkovsneze