Радио Милева

Неполн месец по венчавката Бомбакис обзнани дека ќе стане татко: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“ (ФОТО)

Неполн месец по венчавката Бомбакис обзнани дека ќе стане татко: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“ (ФОТО)

Oткако  кон крајот на минатиот месец јуни 2023 г. се ожени со неговата девојка Вики, Бомбакис сега обзнани дека ќе стане татко!

Тој наместо вообичаениот картон со испишана порака, овој пат високо го крена листот со фотографијата од ултразвук на која се гледа  дека неговата сопруга носи бебе и напиша:

„Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. После сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка и животов“- споделил  Бомбакис на својот Фејсбук профил.

Инаку Бомбакис на 30-ти јуни направи свадба со својата сега веќе бремена сопруга Вики, на која како вообичаено не недостасуваа и неговите картонски пораки. Првиот картон со најава до неговата мајка, на кој пишуваше: „Ете мајко решив да се женам“.

За време на одењето по невестата високо крената нова картонска порака: „Немаме пари, ама битно сме другари“…

Датумот на венчавката, младоженецот и невестата исто така го најавија со картон…

Па дури и на вообичаеното прашање на матичарот, Бобмакис судбоносното ДА го потврди со напишан збор на неговиот картон.

Но, овој последниот, кој и не е вистински картон, но затоа е вистинска причина за најголема среќа и радост во животот… И тој, како и неговата сопруга со нетрпение го чекаат денот кога штркот ќе слета со приновата во нивното тазе семејно гнездо.

А сите ние,  едвај чекаме да ја видиме тогаш пораката со испишан натпис, на инспиративниот „картон мајстор“ – Бомбакис!

Фото: Фејсбук/Bombakis

To top