Славниот актер Харисон Форд ги насмеа присутните со својата реакција и одговор на коментарот и прашањето на новинарката во текот на медиумското појавување по премиерата на филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“.
Имено, во четвртокот во Кан се одржа премиерата на новиот филм на Форд, а по тој повод беше одржана и конференција на која присуствувале режисерот Џејмс Манголд, но и актерите од наведениот филм.
Меѓутоа, вниманието го привлече една новинарка која му дала комплимент на Харисон Форд дека сè уште е згоден, а потоа поставила прашање кое дополнително го збунило.
„Многу сте згодни и сите бевме воодушевени кога во една сцена во филмот ја соблекувате маицата. Уште го имате „тоа“ во себе. Како ја одржувате формата? Можете ли да јавате коњ?“, го прашала новинарката.
A reporter at #Cannes told Harrison Ford: “I think you’re still very hot.”
Ford replied: “Look, I’ve been blessed with this body. Thanks for noticing!”https://t.co/c6p4UXtM4X #Cannes #IndianaJones pic.twitter.com/yuUfSQblOq
— Variety (@Variety) May 19, 2023
Харисон во тој момент чудно ја погледнал, па се замислил. Неговата реакција ги насмеала присутните, по што тој збунето ја прашал какво прашање поставила.
„Дозволете ми да ви одговорам. Да, јас можам да јавам коњ, ако тоа ми го дозволат. Ви благодарам, не мислев да бидам суров“, ѝ одговорил Харисон, а потоа се пошегувал на сметка на коментарот за неговиот изглед, велејќи дека е благословен со своето тело.
„Ви благодарам што забележавте“, ѝ одговорил Форд на новинарката.
За потсетување, Харисон во четвртокот ја прими и наградата Златна палма, што ги воодушеви присутните на филмскиот фестивал во Кан. Најавено е дека петтото продолжение на франшизата за Индијана Џонс ќе започне со прикажување кон крајот на јуни во кината ширум светот.
фото:Twitter printskrin