Во новата биографија на покојниот Џорџ Мајкл објавени се интервјуа кои јавноста досега немала прилика да ги види.
Во нив пејачот го опишува својот однос со принзезата Дајана, која ја запозна во 1993 година на концертот за порба против сида. Брзо станаа пријатели, често се дружеа и слушаа по телефон. Дајана му се доверувала за својот пропаднат брак со принцот Чарлс, а изгледа дека од пејачот сакала нешто повеќе од пријател.
-Брзо се збилиживме и имавме посебна врска. Кога и се јавив да и честитам роденден, ми призна дека се разделува. Рече дека мора да побегне од кралското семејство кое немало љубов за неа, вели Џорџ.
Тврдел и дека немал сомнеж дека сакала да бидат љубовници.
-Била како многу жени кои ги привлекував. Се случија некои работи кои покажаа дека многу ја привлекувам. Тоа воопшто не беше доведено во прашање. Никогаш не спиевме, бидејќи јас знаев дека тоа е катастрофална идеја, раскажува Џорџ.
Поради тоа не сакал често да и се јавува, но затоа таа често го барала и сакала да се видат.
Џорџ во тоа време беше во врска со моделот Анселмо Фелеп, кој почина од сида во 1993 година.
Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година, а автор на биографијата која изгелгува наскоро е Давид Нолан.