Радио Милева од „луди години“, прерано во вечноста...

Ненадејно почина Марија од „Жикина династија“!

Ненадејно почина Марија од „Жикина династија“!

Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од серијалот „Луде године“ односно „Жикина династија“, почина ненадејно вчеравечер на 57-годишна возраст во Атина, каде живееше во последните години од нејзиниот живот.

Веста за нејзината смрт ја објави и нејзиниот пријател Душан на Фејсбук, кој преку таа социјална мрежа се прости од нејзе. Тој се присети како се сретнале и го истакна она што му останало во сеќавање на Ријалда.

Смртта на Ријалда го стори тоа. Неочекувано, премногу брзо. Луѓето имаат тенденција да мислат дека никој близок никогаш нема да замине, барем не нагло, бидејќи тоа е најтешката работа, кога ќе изгубиме некого без навестување, без можност да се разделиме, без збор. Се запознавме пред три години, во група што се занимаваше со капитализмот и депресијата . Се сеќавам на нејзините семинари кои се дискутираше за филмот и психоанализата. Ги гледавме „Низ брановите“ на Ларс фон Трир, како и Педро Алмодовар, филмот „Кожата во која живеам“. Таа секогаш имаше луцидни толкувања и неверојатна аналитичка енергија. Ја сакаше Кејт Буш исто како мене, таа се облекуваше елегантно, секогаш негувана, понекогаш премногу „буржоаска“ за мојот вкус, но во тоа беше – таа. Таа учествуваше на мојот семинар за филозофија на психоанализа на Филозофскиот факултет и презентираше една од нејзините студии на случај, со клиент чиј живот го направи многу подобар за време на терапијата. Психоаналитичарот не може да се измами кога станува збор за љубовта. Со таа љубов се разделувам од тебе, драга Ријалда – напиша тој.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/prviot-ljuboven-baknez-na-marija-od-zikina-dinastija-i-bil-na-13-godini-pred-kamera-tokmu-vo-film/

To top