Промотер

„Немој веќе да ме чекаш“ е новата песна на „Трио Џентлмен“ (ВИДЕО)

„Немој веќе да ме чекаш“ е новата песна на „Трио Џентлмен“ (ВИДЕО)

„Трио Џентлмен“ е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.

После одличната преработка на  „Молитва“, поп-оперското  „Трио Џентлмен“ го сними второто видео во својата кариера, овој пат за песната насловена „Немој веќе да ме чекаш“. Станува збор за авторско дело на реномираните музички творци Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман), додека за визуализацијата се погрижи екипата на „Дел рио филмс“, на чело со режисерот и сценарист Александар Николоски.

Официјалната промоција се случи на 28 јануари во МНТ, а што сработила оваа одлична екипа можете да дознаете во продолжение:

To top