Фолк пејчката Сања Сани Гроздановска во август минатата година го кажа судбоноснот „да“ и заплива во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.
На свадбата која беше организнирана во еден познат скопски хотел присувствуваа познати лица од шоу-бизнисот, новинари, ТВ водители.
Сани и Мартин деновиве славеа годишнина од бракот, а по тој повод таа јавно му се обрати на социјалните мрежи.
„На овој ден се заколнавме пред Бога дека засекогаш ќе бидеме заедно. Така да немој да се жалиш сам си ја скрои судбината, сега ќе ме трпиш. Не дека ја тебе од време на време не сакам да те заколам ама како викаат…кој се бие тај се воли! Среќна годишнина љубов моја, напиша пејачката на Фејсбук.
Инаку, Сани и Мартин заедно ја имаат ќерката Ева која во ноември ќе наполни една година.
фото: Фејсбук