Јасна Миленковиќ Јами откри дека отсекогаш повеќе сакала да ја слави српската Нова година отколку онаа што цел свет ја слави на 31 декември.
Како што истакнува, тогаш секогаш собирапријатели и прославата е многу поголема.
– Сакам да ја славам Новата Година со моето семејство, и ја сакам оваа православна Нова Година, навистина ја славам, тогаш доаѓаат сите мои пријатели и можеби затоа уште повеќе ја сакам оваа наша Нова година – изјави таа.
Зборувајќи за пријателите, пејачката се осврна и на периодот кога беше на врвот на славата и откри дека нејзините колеги тогаш многу повеќе се дружеле, биле поблиски и поискрени еден со друг.
View this post on Instagram
– Полна сум со емпатија, луѓето навистина не се во тој стил. Ги сакам деведесетите, сите бевме насочени еден кон друг, сите бевме како едно, тоа беше најкреативниот момент и на музички план. Немавме од кого да крадеме, како YouTube. Беше тешко, но станавме посилни, самите бевме едно – истакна пејачката.
фото:Инстаграм